Силниот ветер кој вчера дувал во Сутоморе срушил конструкција на воден тобоган кој се наоѓал на самата плажа, а според зборовите на очевидци повредени се неколку деца
Видео од овој инцидент објавено е на Фејсбук страницата Подгорички времеплов.
Како што тврди авторот на снимката во инцидентот повредени се пет деца.
– Децата имаа повреди на главите, рацете, нозете… Брука! Тобоганот не беше зацврстен. Две деца беа на врв од тобоганот и паднаа – вели авторот на снимката
Набргу реагирал и татко на едно од дечињата кои биле повредени.
– Тобоганот е висок 10 метри. Ветерот го преврте како да е пердув. Моето деде беше на врв на тобоганот кога тоа се случи. Само што стигнав од болницата и уште сум под стрес – напишал таткото.