Драма на Пресека, деца, трудници и стари лица завеани со часови – Бакрачески оперираше човек


Попладнево делумно само за лесни патнички возила беше оспособен за сообраќај магистралниот пат Охрид – Кичево, каде поради високите наноси на снег на планинскиот превој Пресека и во општина Дебарца, со часови беа завеани голем број автомобили и автобуси во кои имало деца, бремени жени и стари лица. Граѓаните кои минале вистинско патешествие се револтирани на надлежните институции кои не успеаа на време да го расчистат патот.

Меѓу завеаните се најде и познатиот водител од Охрид Жанко З’ш Голабоски. Тој вели дека меѓу луѓето владеело страв и паника.

– Во секој случај е страшно да патуваш 12 часа 60 км на еден пат кој е еден од главните во Македонија, Скопје  – Охрид. Срамота и греота да е завеан и да не е исчистен. На прагот сме на Новата година очекуваме гости и сега кога ќе ти патува турист за Нова година во Охрид и кога ќе треба да ја пречека во Извор е многу смешно. – изјави водителот Жанко З’ш Голабоски.

Тв Орбис

Тв Орбис

На помош на завеаните возила на Пресека беа градоначалниците на Охрид и Струга, механизација од двете општини и екипи за спасување. Градоначалникот на Охрид Бакраќчески се уште не направил анализа дали има одговорност кај институциите за настанатата ситуација, но вели дека и поголеми и многу подобро организирани држави тешко се справувале со снежно невреме.

-Ги контактиравме сите приватни компании за да се изнајде најсоодветно средство за да се пробие патот, а  со оглед на тоа што немавме релевантни податоци што се случува на терен организиравме конвој кој го предводевме заедно со градоначалникот на Струга Зијадин Села. Ангажиравме два поголеми багери за пробивање на патот и се упативме кон Пресека со цел да ги извлечеме завеаните граѓани. Патот беше во ужасно лоша состојба, не беше пробиен, напред одеа двата багери, а по нив конвој од десетина џипови со храна, вода и основни намирници. Патот се пробиваше речиси пет и пол часа, се извлекуваше возило по возило, а онаму каде тоа не можеше да се направи бидејќи на места имаше снежни наноси и до два метра ги извлекувавме патниците.-посочи Бакрачески, додавајќи дека успешно биле евакуирани сите луѓе во завеаните возила на Пресека.

Храброста и подготвеноста на припадниците на МВР се покажа денеска на дело. На блокираниот патен правец Охрид-Кичево поточно кај Пресека денеска се одвиваше вистинска спасувачка акција.

Припадниците на МВР успееја за многу кратко време да извлечат возило на Брзата помош во кое имаше лице на кое му требаше итна медицинска помош. Меѓу возилата кои беа блокирани поради силното снежно невреме што го зафати овој дел на Македонија, се најде и возило на Брзата помош која превезуваше пациент кон Охрид.

Подготвеноста на полицијата да интервенира во вакви кризни случаи денеска спаси еден човечки живот. Возилото веднаш беше одблокирано од снегот, се презедоа мерки и пациентот успешно беше превезен до охридската болница. Таму веднаш беше преземен од д-р Никола Бакрачески кој врз пациентот направи успешна операција. За среќа лицето сега е во стабилна состојба.

Извор:OhridNews

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1