Драма во авионот на Груевски – силен трескот, се пореметил притисокот во авионот


Владиниот авион со кој патува делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски враќајќи се од Стразбур, принудно слетал во Цирих. Авионот сега е во сервис во Нирнберг.

Како што изјави за МИА портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, премиерот Груевски и сите други патници во авионот се добри, а надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите.

gruev543

– Според првичните информации, можам да потврдам дека на враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих, изјави портпаролот Ѓорѓиев.

Според владиниот портпарол, најверојатно се случила декомпресија на авионот, кој е стар не повеќе од осум години.

– Според информациите кои ги имам, присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук, по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и по протокол за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром, појасни владиниот портпарол Ѓорѓиев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1