Драма во босанска телевизија: Вработен си ги пресече вените во канцеларија


Вистинска драма се одвиваше во просториите на Радио-телевизија на Федерацијата БиХ, кога 53-годишниот Х.Д., вработен во овој медиумски сервис во канцеларија се обиде да се самоубие.

Х.Д. 20 години работел како референт во Економската служба и во понеделникот вечерта во својата канцеларија си ги пресекол вените, а преживеа благодарение на брзата интервенција на итната помош од Сараево, која на самото место му дала помош.g_noz

Информацијата за самоповредувањето на Х.Д. кој две децении од својот живот работел на јавни набавки, ја потврди и Денис Напрта, раководител на Одделението за човечки ресурси на РТВ ФБиХ.

-Мотивите моментално не се познати, дали се семејни, приватни или деловни. Од полицијата се уште ништо конкретно не ни доставија, но истражните дејства се во тек. Човекот го познавам добро, професионаелец беше во својата работа. До сега не бил склон кон никаков инцидент на работа, вели Напрта. Х.Д. бил семеен човел, а недамна добил и внуче.

-Колку што знам немаше никави причини да направи вакво нешто, а мотивот сигурно не е од финансиски причини. Човекот доста патуваше со сопругата, беше стабилен. И како човек и како работник, но и во приватниот живот беше исполнет. Не можам да разберам зошто го направи тоа, рече Напрта.

-Таа ноќ кога тоа се случи отидов на Клиниката да го посетам. Го видов и многу ми беше жал. Знам дека беше домобилизиран бораец на Армијата на БиХ и дека целата војна ја помина во Сараево. Причина може да биде поствоениот синдром, но не можам ништо да кажам додека не заврши истрагата, вели тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1