ХОРОР: Ќерките на познатиот концертен пијанист убиени, жена му избодена со нож!


Двете мали ќерки на познатиот концертен пијанист Вадим Холоденко се пронајдени мртви во куќата на неговата сопруга во Тексас.
Убиени се петгодишната Ника и едногодишната Михела, а поранешната сопруга на Холоденко, Софија Циганкова (31), е префрлена во болница на лекување поради рани од нож.pijano

Раните не се критични, рекол денес шефот на полицијата во местото Бенбрук, Дејвид Бебкок, и потврдил дека девојчињата не биле избодени, а причината за нивната смрт сè уште не е позната, пишува „The Guardian“.

На куќата немало знаци од насилно влегување, а Бебкок не навел кој ја повикал полицијата во куќата во Форт Ворт, во која живеела Циганкова со двете малечки ќерки.1fd6b3cc3a60143edd0fdbb6badc6394

Исто така, шефот на полицијата изјавил дека Холоденко, кој е роден во Украина, соработува со детективите. Засега никој не е уапсен поради смртта на девојчињата, а моментално ниту Холоденко, ниту неговата сопруга не се осомничени, пишува „CBS News”.

Како што известуваат медиумите во Америка, токму Холоденко е тој кој ги пронашол телата на своите деца и поранешната сопруга во куќата кога отишол да ги посети.

Reporter.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1