Драма во Кратово: Го држеле како заложник во теретана


Полициската станица Кратово поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Пробиштип, Н.Л.(21) и М.Б.(24), двајцата од Кратово, за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.kidnapiran44

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 23.02.2015 година, пријавените со патничко возило „волво“ сопственост на таткото на Н.Л. отишле во Штип, при што во возилото качиле 26 годишно лице од Штип, со намера да заминат во Кочани.

Наместо во Кочани пријавените го однеле во теретана во Кратово и противправно го држеле од 16,00 до 22,00 часот присилувајќи го да гледа снимки од безбедносна камера за извршена тешка кражба во трговски дуќан за која пријавените сметале дека ја извршило лицето кое противправно го лишиле од слобода.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1