Еден од пилотите не бил во кабината при падот на Ербасот – тропал но не можел да влезе


Еден од пилотите не бил во пилотската кабина за време на несреќата на „Ербасот А320“ на „Џерман вингс“ и не успеал да се врати во неа до падот, објави минатата ноќ интернет изданието на  „Њу Јорк Тајмс, повикувајќи се на анонимен извор.

– На почетокот од летот, го слушаме екипажот нормално, потоа слушаме звук на седиште кое оди наназад, отворање на една врата, која потоа се затвора, потоа звук од врата по која се чука за да се затвори и потоа нема повеќе разговор меѓу пилотите се до падот, изјавил извор близок до истрагата.francija avion

Како што пренесува МИА,  тој вели дека двајцата пилоти зборувале на германски. – На крајот од записот, алармите назначуваат дека авионот се наоѓа на голема близина до тлото, наведува изворот, без да може да каже кој бил во пилотската кабина, капетанот на авионот или копилотот.

Изутринава француското радио БФМ, објави дека пилотот кој не бил во кабината се обидел да влезе во неа. Прво тој чукал тивко на вратата, потоа се посилно и посилно и се има впечаток дека се обидувал насила да влезе во неа, пред фаталниот удар во планината.

Засега нема официјална потврда од истрагата на овие информации. Синоќа истрагата истакна дека нема објаснување за причината на несреќата, а директорот на Бирото за истраги и анализи за Цивилниот авиосообраќај, Реми Жути притоа потврди дека тонскиот запис на првата црна кутија може да се анализира.

– Успеавме да извлечеме аудио фајл кој може да се користи. Гласовите се разбирливи, сега е потребно да се направи детаљ за да се разберат и интерпретираат звуците и гласовите, рече Жути.

На прашање дали тоа се гласовите на пилотите, Жути рече дека не може да одговори на тоа прашање.

– Во овој момент на истрагата, евидентно, ние не сме способни да дадеме најмало објаснување за причините кои го наведоа авионот да се спушти и причините поради кои тој продолжи да се спушта, за жал, се до тлото, исто како и причините поради кои (пилотите) не одговорија на обидите за стапување во контакт со контролата на летањето која им поставуваше прашање, назначи директорот на Бирото.

Тој притоа нагласи дека авионот летал се до сударот со планината и дека немало експлозија во воздухот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1