Пожар избувна денес на станбена зграда на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Огнот од засега непознати причини избил во стан на четвртиот кат во кој имало мајка со две деца, а набрзо се проширил во целата вертикала на зградата.
Како што пренесува порталот Ohrid news од изјавите на надлежните, мајката во паника сакала да го фрли едното дете од четвртиот кат за да го спаси. За среќа присебноста и брзата интервенција на противпожарите екипи спречиле поголема трагедија.
Пожарникарите влегле во станот и неповредени ги извадиле мајката и двете деца.
Евакуирани биле стотина жители, а поради вдишување на чад десетина се хоспитализирани. На гаснење на пожарот учествувале 15 пожарникари и пет возила, а во евакуацијата помагала и соседите, јавува Ohrid news.