Драма се случувала денес претпладне во штипската конфекција Виба-Фешн. Триесетина текстилни работнички и преставничка на скопска фирма за увоз извоз биле затворени во погонот на конфекцијата, јавува Алфа.
Сакајќи да излезат во туркањето се скршил прозорец при што со исеченици по рацете и грбот се здобила Христина Стојанова преставничката на скопската фирма. Таа утрово експресно стигнала во Штип, откако добила информации дека наместо готови производи кои треба да се испорачат за странство, има празен погон. Во случајот асистирала и полицијата.
Сопственичката заминала во странство, а зад себе оставила триесетина работници кои не зеле плата веке два месеци, а потпишале изјава дека зеле К-15.
Финанските проблемите во штипската конфекција ВИБА-Фешн започнале од лани , кога од вкупно 130 вработени, сега не остана ниту еден.