ДРАМА ВО СКОПСКА БОЛНИЦА: Семејството барало помош за болниот – а него го заборавиле дома


Необична и несекојдневна случка во ГОБ 8-ми семптември во Скопје. Цело семејство дошло во Ургентен, а болниот го заборавиле дома! Како што раскажуваат за zdravstvo24.mk од градската болница.

urgenten 8 septemvri bolnica mk

Несекојдневниот настан се случил неодамна за време на дежурство во ноќните часови. Цело семејство од браќа, сестри, баби, дедовци, стрини и чичковци буквално влетале во Ургентниот центар. И покрај гужвата која е вообичаена за установата, почнале да викаат – итно, итно мора да го примите, човекот има удар, едната страна од лицето му се искриви. Иако вработените се обиделе да ги смират дека се ќе биде во ред, роднините инсистирале на итен прием. Кога требало лекарот да го види болниот, него никаде го немало.

Роднините почнале меѓу себе да се прашуваат каде е, за на крај да сватат дека го заборавиле дома и тоа сам. Сите брзале за навреме да стигнат до болница, но не го донеле пациентот на кого му требала лекарска помош. На крајот се се завршило како што треба, но вработените кои таа ноќ дежурале уште долго ќе го паметат овој несекојдневен настан. Велат често имаат притисоци од роднини за итен прием и тоа за банални работи, но не им се случило некој да го заборави пациентот дома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1