Драма во судот во Гостивар: Притвореник избега преку прозорец


Притвореник кој бил донесен на судење во гостиварскиот Основен суд денеска побегнал со скок од прозорец, а стражарите пукале за предупредување.

Според првичните информации, албански државјанин, осомничен за разбојништво, денеска бил донесен од затворот „Шутка“ на судење во Гостивар. По распитот, околу 13:45 часот искористил прилика и се дал во бегство. Еден од стражарите испукал предупредувачки куршум од службено оружје.lisici

Од полицијата потврдуваат дека еден припадник на затворското обезбедување по телефон го пријавил настанот, по што полициски екипи отишле на местото .

Полициски службеници кои биле вклучени во потрагата го откриле и привеле лицето кое им побегна на затворското обезбедување. Станува збор за 39 годишен албански државјанин, осомничен за разбојништво кој денеска бил донесен на судење во Основниот суд Гостивар, пренесе МИА.

Според СВР Тетово, непосредно по пријавувањето на бегството, полициски службеници ја започнале потрагата и по неполни два часа го пронашле бегалецот. Тој се сокрил во помошен објект од една куќа, во близина на судот. По приведувањето, е пренесен во гостиварската болница, каде му биле санирани повредите кои ги задобил при бегството.

Притвореникот, непосредно по распитот во судница, искористил можност и со скок од првиот кат им побегнал на затворските чувари кои претходно го донеле од затворот „Шутка“ во гостиварскиот суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1