Жителка од тетовското село Челопек пријавила во полиција дека вчера попладне врз неа било извршено семејно насилство. На тоа и претходела расправија со нејзината свекрва.Во расправијата дошло и до меѓусебно туркање при што снаата ја гризнала свекрвата за рака.
Свекрвата тогаш му се јавила на синот. Кога тој дошол дома веднаш и се нафрлил на сопругата и со тупаници ја удрал по главата, а потоа ја влечел за коса, како што тепаната пријавила во полицијата.
Поради нанесените телесни повреди сопругата од полицијата побарала кривичен прогон за сопругот насилник.