Разбојник одзел 4.660 денари од дневен промет и четири кутии „Виагра“. Инцидентот се случил вчера попладне во аптеката Виола во ТЦ Буњаковец.
Разбојникот влегол во аптеката и со шприц и се заканил за вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со сида. Откако ги земал парите, разбојникот ги побарал и таблетите виагра.
Кога земал се што наумил излегол и се упатил во правец на Универзална сала. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.