На Јутјуб денес се појави ново видео од невремето кај Оребиќ (Хрватска). Видеото го снимил унгарски турист.
На снимките се гледа како на морето се формира торнадо, кое преминува на копно каде крши гранки и носи предмети. За среќа невремето беснеело во ненаселено подрачје. Крометео пишува дека неодамнешното невреме по својата сила и структура во целост одговара на силата на торнадото.
Драматично како што е соопштено од полицијата, било на плажата Могрен кај Будва и на некои плажи меѓу Бара и Петровец.
Невремето направи хаос во Хрватска и Црна Гора. Туристите практично биле заробени, и од високите бранови не можеле да ги напуштат плажите, поради што загрозените капачи на поедини места на плажите биле извлекувани со летало.
Најдраматично беше на Црвената плажа во Будва, каде што високите бранови закотвија група тинејџери од Русија и од Словенија. На плажата на која се стигнува само преку море, дошле со педалинки, но големите бранови им го пореметиле планот за враќање. Нивното извлекување траело до полноќ бидејќи од службата за спасување поради високите бранови не можеле да стигнат до плажата.
Невремето предизвика проблеми и во Чањ – каде се преврте чамец во кој биле три деца. Но за среќа сите биле навреме извлечени. Нивните родители кои биле на плажата додека децата се возеле на чамецот исто така останале заробени се додека не се смирило невремето.
Драматично било и на плажите мегу Бар и Петровец.
Невреме ја погоди и Хрватска – 74 годишен германски турист е пронајден мртов на плажа на Раб. Силното невреме го погоди и Цавтат. Но според метерозлозите Хрватска во среда ќе биде погодена од циклон што ќе донесе драстично намалување на температурите.
ХАОС ВО БУДВА: Полицијата ги спасуваше заробените туристи на плажа – германец најден мртов