Спасувачот, кој го пронашол девојчето, изјавил за AP дека по 17 часа од потресот слушнал гласче од урнатата семејна куќа.
“Слушам нешто од доле”, рекол волонтерот, по што се собрале пожарникарите.
Еден спасувач ги замолил сите присутни да го намалат тонот, по што го слушнал гласот на девојчето, кое 17 часа било под урнатините на својот дом.
Соседот почнал да ја довикува по името “Џулија, ајде Џулија”, и спасувачите ги извлекле девојчето живо, по што мештаните аплаудирале и врискале од среќа.
Малата Џулија минала 17 часа под урнатините. Неверојатно, но немала посериозни повреди.
Надеж даваат и судбините на две момчиња, на возраст од четири и седум години, кои биле спасени од баба. Децата биле спасени поради брзата и мудра реакција на бабата, која ги ставила под креветот на првиот знак за лулање на куќата, наведува Reuters и додава дека земјотресот го преживеала и бабата, но дека останала без сопругот.
Спасувачките акции траат, а од многу урнатини се слушаат детски крици.