„Дрим тимот“ на САД ја одбрани титулата – сребро за Србија!


Убедлива победа на Американците над Србија, 129:92. Резултатот по четвртини – 35:21, 32:20, 38:26, 24:25).

Кошаркарите на Србија одлично го започнаа мечот, предводена од Теодосиќ стигнаа и до 15:7, но тогаш се „разбудија“ американците и започнаа со шутевите за три поени, Ирвинг уфрли дури 15 поени и после првиот квартел селекцијата на САД дојде на плус 14 поени разлика. (35:21)sad

Американците потоа ја превзедоа играта, погодуваа од сите позиции, атрактивни забивања и лесно стиасаа до 30 коша водство.

Србија без оглед на големото заостанување беше борбена и во второто полувреме.

САД го освои петото злато на Светското првенство што се израмни по бројот на титулите со Србија. Селекцијата на САД како најефикасен со 26 поени го имаше Кајри Ирвинг, три помалку Џејмс Харден, по 12 додадоа Клеј Томпсон и Кенет Фарид, додека ДеМаркус Казнс имаше 11 од 9 скокови.

Најефикасен во поразениот тим на Србија беа Немања Бјелица и Никола Калиниќ со по 18 поени. Богдан Богдановиќ уфрли 15, а 10 од 7 асистенции имаше Милош Теодосиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1