Земјите во кои постои најголема опасност за напад на терористи се Шпанија, Франција, Турција, Тунис и Египет. Тие на картата се обележани со црвена боја и моментално се места кои треба да се избегнуваат ако сте одлучиле да одите на одмор.
Поради терористичките напади кои се случија во Франција во изминатата година, оваа земја се искачи на листата на опасни земји.
Во Тунис пред четири месеци настрадаа 37 британски туристи во терористички напад, така да иоваа омилена туристичка дестинација за многу Европјани веќе не е сигурно место.
Шпанија исто така е означена како опасно место. Неа секоја година ја посетуваат околу 32 милиони Британци, но сега британската влада не препорачува посета на земјата.
Зона со среден степен на ризик од напади има во Германија, Италија, Грција, Мароко, Шведска.
Македонија е обележана со жолта боја. Не не најниска, зад неа има уште два степена на опасност.
Најсигурни се Швајцарија, Словенија, Чешка и Полска.
Локално.мк