Дубаи повторно го засени светот – се градат вили под вода/Фото


Познат по својот луксуз, Дубаи отиде чекор понатаму, кога почна со иградба на куќи, кои делумно се наоѓаат под вода. Луѓето се расфрлаат и даваат милиони фунти за да живеат под морето во Дубаи, каде се градат 42 луксузни вили, кои се оддалечени околу четири километри од брегот во Дубаи.

Апартманите се со големина од 158 квадратни метри, а како едни од најлуксузните кои можат да се најдат на пазарот на недвижности чинат околу 894.000 фунти. Во продажба останаа само уште неколку, додека останатите се продадени пред да бидат завршени.dubai-pod-voda

Секоја вила ќе има три ката, карактеристични по големата височина, со цел на сопствениците да им се овозможи прекрасен поглед на морскиот свет.

Кујната, дневната соба и бањата ќе бидат на долниот кат, под нивото на морето. На вториот кат, кој исто така е под вода, ќе ја најдете спалната соба и уште едно купатило. На највисокиот кат на вилата се наоѓа тераса, на кровот, од кој ви е овозможен поглед преку цел океан.

“Вилите ќе се градат на суви места, а потоа ќе бидат сместени во вода, каде и припаѓаат. Мислам дека првата би требало да биде во вода до крајот на 2016 година“, објаснува директорот за развој на овој проект кој се протега на шесте европско-тематски острови во Дубаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1