Дух на девојче ги избркал работниците од музеј во Неапол


Дух се појавил во италијанскиот национален археолошки музеј во Неапол и ги избркал градежните работници кои работеле во него.

Работниците тврдат дека работите необјасниво се поместувале и исчезнувале, а во текот на ноќта се слушале страшни крикови и чувствувале чудни бранови на жештина.duhrome

Архитектот кој е задолжен за работите, Оресте Албарено, дошол во музејот и се согласил да преспие со работниците за да ги разубеди дека постои дух, но по непреспиената ноќ сепак морал да се сложи со нив.

-Успеав со својот мобилен да го сликам духот на едно мало девојче, но во тој момент во музејот немаше никакво девојче. Никој од работниците со себе не ја немал својата ќерка, а и просторот е обезбеден и заклучен така што дете никако не може да се пикне внатре – рекол Албарено.

На помош ги повикале „истерувачите на духови“, односно експертите за паранормални случувања од цел свет за да можат да утврдат за што станува збор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1