Дупки и прашина во Ново Лисиче – трае со месеци (Фото)


Жителите на населба Ново Лисиче реагираат дека со месеци стојат необезбедени ископите за топлификација и тоа во непосредна близина на училиштето ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ, веднаш до една од најпрометните автобуски постројки.

Жителите реагираат дека освен што овие ископи се потенцијална опасност, количината на прашина што се крева од овие ископи и од градењето на бензиската пумпа на булеварот дополнително го загадуваат воздухот во оваа и така најзагадена населба во скопје.

,, Јас незнам дали оние кои градат во населени места имаат некои рокови или не? Проблем е што ова трае со месеци, не се недели во прашање, па да се заврши работата. Одиме по улица зошто тротоарот е раскопан, а сега е и булеварот Србија е полузатворен поради изградбата на бензиската. Бушат, се се тресе, а прашината во становите е ненормално голема, реагираат жителите на Ново Лисиче.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1