По поројните дождови, поврзани со ураганот „Сенди“ повторно епидемија на колера на Хаити. Во последните 20 дена животот го загубиле 20 лица.
Бројот на заразени со колера во земјата е значително зголемен поради поројните дождови и поплави, јавуваат локалните власти.
во 2010 година на Хаити од колера животот го загубија над 7.600 лица, а заразени беа 600.000 луѓе. Владата побара и меѓународна помош.