Двајцата последни Мексиканци што го знаат јазикот ајапанеко се скарании не зборуваат


Јазикот Ајапенко полека заминува во историјата, поради тоа што единствените двајца Мексиканци на светот кои што имаат познавања за истиот, не си зборуваат.

Скарани биле, пренесува Попара.мк. Станува збор за Мануел Сеговија (75) и Исидро Веласкес (69), кои живеат на само 500 метри оддалеченост, во јужната држава Табаско. И двајцата се единствените кои го разбираат јазикот, но одбиваат да комуницираат бидејќи со години не се во најдобри односи.

Антропологот Даниел Суслак од Универзитетот во Индијана, засега е единствениот кој е решен да го зачува јазикот и да опстане, за наредните генерации, пред истиот да исчезне засекогаш. Засега во светот постојат околу 6000 јазици, но експертите сметаат дека овој број во наредните 100 години ќе се преполови.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1