Талибанците на фејсбук под лажни профили на убави девојки ги мамат војниците


Австралиската Влада во официјално писмо упатено до војниците им совтуваше да внимаваат со кого се пријатели на социјалните мрежи. Советот важи и за војниците и за нивните семејства и пријатели.

Службите откриле дека голем број талибанци на Фејсбук се кријат зад лажни профили на убави девојки со цел да ги намамат војниците и од нив да извлечат што повеќе информации.

Многу војници на своите профили ставаат слики од себе и семејството со што многу лесно талибанците може да ги лоцираат.

,, Често гледам војници како поставуваат податоци или фотографии со чија помош е можно јасно да се идентификуваат, да дознаат на која единица припаѓаат и каде точно се наоѓаат, изјавил Питер Ханеј, експерт за информатичка безбедност на Универзитетот Едит Кован.

Проблемот станал толку голем што се размислува и целосно да им се забрани пристап до социјалните мрежи на војниците.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1