Двајца актери загинале на сцена пред театарската публика кога наводната лажна пушка пукнала и им ги разнела главите.
Пет луѓе се повредени вклучувајќи и петгодишно момче кое морало итно да биде оперирано и уште една жртва која загубила рака.
Актерите Агостино Каруло (55) и Донато Џанфреди (56) учествувале во претставата “Ноќта на разбојниците“, која била дел од фестивалот во градот Потенза во Италија.
Каруло починал на лице место, а Џанфреди починал во болница поради тешки повреди на главата.
Полицијата покрена истрага за наводна саботажа и убиство.