Кавадарци: Градежен работник паднал и починал


Градежен работник попладнево почина во Кавадарци како последица на повредите со кои се здобил при пад од покривна конструкција.

gradeznici - rabota

Настанот за Утрински весник го потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска и информира дека на местото каде е починат се врши увид од кавадаречката полиција и од инспектор за заштита при работа.

-Настанот се случил околу 15.15 часот во хала која се наоѓа во просториите на агрокомбинат ДИК „Страшо Пинџур“. Лицето извршувало градежни работи, паднало од покривната конструкција и починало, информираа од СВР Велес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1