Двајца туристи загинале во силен земјотрес на островот Кос во Егејско Море


Двајца туристи од Турција и Шведска загинаа во силниот земјотрес што ноќеска беше регистриран во близина на грчкиот остров Кос, соопштија претставници на локалните власти, цитирани од ДПА.

Двајцата туристи загинале откако врз нив се урнал ѕид од барот во кој се забавувале.

Шефот на спасувачката служба, Стефанос Колокурис, за грчката државна телевизија изјави дека двајцата загинати се идентификувани, но не даде повеќе детали за трагичниот настан.

Тој изјави дека еден од петмината тешко повредени лица е Грк.

Засега не е познат точниот број на повредени лица, но според последните податоци најмалку 120 лица настрадаа во последниот силен земјотрес, што ги потресе грчките острови во југоисточниот дел на Егејско Море и турското егејско крајбрежје.

Потресот беше регистриран во 1,31 часот, по локално време, а бил со магнитуда на ударот од 6,7 степени според Американскиот геофизичкин институт и со магнитуда од 6,3 според сеизмолошката опсерваторија Кандили, во Истанбул.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1