Груевски: Се подготвувам да се вратам на власт, а не да бегам


Убеден сум дека не постои кривично дело кое сум го сторил. Ова е политички прогон. Едвај чекам да почне судењето за да се увери јавноста во мојата невиност. Ова беа дел од зборовите со кои екс премиерот Никола Груевски се бранеше пред Апелацискиот суд.

Тој исто така истакна дека нема намера да бега, туку да се врати на власт. Се пожали дека во пресрет на локалните избори е во нерамномерна положба со противниците, не можел да патува и да лобира. Доказ дека нема да бега вели е тоа што секогаш се враќал од патувања, се јавувал на рочишта, како и дека е семеен човек со вработена сопруга, две деца и возрасни родители за кои треба да се грижи.

Обвинителот Гаврил Бајевски, пак посочи, оти поранешниот премиер само еднаш се јавил на распит, а десетина пати биле испраќани покани до него.

СЈО успеало само еднаш лично да му ја достави, останатите ги примало неговото обезбедување. За да се обезбеди негово присуство неопходен е притвор, смета обвинителот. Тој како основач на групата за злосторнички здружување може да има индиректно влијание врз сведоците. Од СЈО посочија и оти поради неговата материјална и финансиска состојба Груевски може лесно да избега.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1