Две годишно дете повредено во сообраќајна несреќа


Две лица од кои едното две годишно дете, се полесно повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на локалниот пат Групчин-Седларево.policija stop

Во несреќата учествувале „Голф“ со тетовски регистерски таблици управуван од 26-годишниот А.К. и џип, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 21-годишниот Е.Е., двајцата од Седларево.

-Во несреќата, двајца сопатници од „Голфот“ на возраст од 51 и 2 години се здобиле со телесни повреди и пренесени се во тетовската клиничка болница, а 51-годшината сопатничка задржана е за натамошно лекување, информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1