Две лица тешко повредени во две сообраќајки утрово во Скопје


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во 04.45 часот на крстосницата на булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Ј. Питу“ во скопската населба Аеродром.policija-skopje1-540x320

Како што информираат од МВР, пред трговскиот центар „Скопјанка“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од И.П. (45) излетало од коловозот и удрило во бетонска жардениера.

Со возило на итна брза помош И.П. е пренесен во градска болница „Св.Наум Охридски“ каде што се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување.

Во  07.50 часот утрово повреден е и еден велосипедист во сообраќајка која се случила на бул. „Трета Македонска бригада“ со патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Повредениот велосипедист е пренесен со возило на брза помош во Ургентнен центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1