Мајка на болно дете од леукемија без право за боледување


Фондот за здравствено осигурување не и одобрува право на продолжено боледување на мајка чија 12 – годишна ќерка боледува од леукемија, пишува Телма

Второстепената комисија при Фондот го одбила нејзиното барање, со образложение дека право на продолжено боледување за нега, можат да добијат родителите чии деца се до тригодишна возраст.slucaj-leukemija

– Навистина поминуваме низ психички тежок период и ние како родители мора да бидеме јаки да го издржи детето тоа. Меѓутоа овој закон не ни дозволува да бидеме присутни со децата, вели мајката.

 Наталија вели дека не може да дозволи нејзината ќерка сама да поминува низ тешкиот период кој што следува, период на ослабната мускулатура, опаѓање на косата и веѓите.  Таа како родител би напуштила и работа, меѓутоа, од друга страна како што вели, лекувањето бара голема сума на пари, за специјална исхрана, испитувања кои се вршат во странство,  додатни лекарства и психолог.

 –Треба поддршка од нас, нека слушне министерот дека законот според мене е неправилен таму има доста мајки кои сигурно не им следува боледување а имаат поголеми деца, а можеби и потешки случаи од мојот. Не зеле боледување а одат во странство се лекуваат. Стварно овој закон за вакви случаи треба да се промени.

Од Фондот за здравство се повикуваат на членот 13 од Законот, каде надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа имаат само осигурениците во случај на негување на болно дете до тригодишна возраст или потесен член од семејството над три години, но најмногу до 30 дена. Велат дека незадоволните осигуреници, можат да поднесат претставка до Фондот која ќе биде разгледана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1