ВИДЕО: ИСИС се исплашија од Русија – Масовно се предаваат!


Руските и Сириските медиуми јавуваат за масовно предавање на оружјето и откажување од теросистичите организации кои оперираат во Сирија како ИСИС и Ал-Нусра се случува последниве неколку дена. Имено, на пунктови на Сириската армија голем број млади луѓе го предале оружјето во последните два-три дена, пренесува ТВ Ѕвезда.Screenshot_80

Како што известуваат сириските медиуми, само вчера од градот Кенкер преку 500 млади луѓе го предале оружјето, опремата, превозни средства, пропагандни материјали, материјали за изработка на бомби, планови и останато. При предавањето тие дале заклетва во името на Алах дека никогаш повеќе нема да се фатат за оружје и да војуваат во туѓи војни.

Според властите, се работи за најголем број на млади лица не повеќе од 18 години, кои решиле да се вратат на правиот пат, претходно излажани од терористите на ИСИС со добри примања, пари кои биле недостижни за популацијата која се бори со сиромаштија.

Како што вели бившиот командант во ИСИС Мусхармат Алијах, тој исто така се вклучил на ИСИС поради парите кои ги нудела терористичката организација. Тој сведочи дека највеќе пари пристигнувале од Саудиска Арабија, а обуките им ги спроведувале Американци во кампови за обука исто така во Саудиска Арабија.

Сириската армија известува дека сега состојбата на фронтовите е значително изменета, терористите се предаваат и се откажуваат од понатамошни дејствија, додека војската систематски напредува од село во село, од град во град каде терористите го предаваат оружјето, техниката и се враќаат во цивилниот живот. Голем број од оние кои се откажуваат од терористичките организаци се приклучуваат во локалните милиции составено од локалното население за себезаштита.

Како што велат сириските војници, по пристигнувањето на руската и иранската армија, терористите веднаш почнале со предавање на оружјето, вклучително и голем број од истите веќе се вратени во цивилното население.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1