Струмичанец на возраст од 39 години се фрлил од четвртиот кат од зграда на улица „Ценка Павлова“ во близина на Основното училиште„ Никола Вапцаров“ утрово околу 7.00 часот, пренесе 24 Струмица.
Според првичните информации се работи за лицето Мите.А , за кој соседите кои беа на лице место велат дека го виделе синоќа околу 22.30 часот во зградата. Неофицијално, според очевидците една од причините за самоубиството е смртта на неговиот татко, рано изутрина околу 03.00 часот. Полицијата беше на лице место и околу 09.00 часот беше тргнато безживотното тело. Од истото место соседите велат дека пред неколку години се самоубил 60-годишен маж.
Утрово околу 04.00 часот е пронајдено уште едно безживотно тело во близина на ресторан „2-ка“ до градската пошта.
Според очевидците се работи за повозрасен маж кој добил удар. Дел од нив рекоа дека е во роднинска врска со останатите двајца починати.