Двегодишно дете има 250.000 евра долг


Со одлуката на судот во Клучборк во јужниот дел на Полска едно девгодишно дете е најзадолжено дете во Полска бидејќи судот не му дозволил да се откаже од наследство оптоварено со долг од 250.000 евра.
baby-moneyДвегодишниот Кевин Кокот Баран добил наследство од далечен роднина, а со тоа и огромни долгови од кои неговите родители во име на синот сакале да се откажат од наследството.
„Не сакаме наследство со толку големи долгови. Нашиот син ќе го бараат доверители, судски извршители. Во името на Кевин мора да ги подмириме трошоците од адвокатите, да патување поради судењето“, вели мајката на Кевин, Катажина Кокон Баран.
Судот образложил дека родителите не ги штитат интересите на децата кога се преземаат правни мерки кои ги надминуваат границите на управување со имотот на нивните деца, а родителите веќе поднеле жалба до повисокиот суд.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1