Бил (83) и Лаурел Купер (82), својата животна авантура крстарење со брод околу светот ја започнале уште во 1976 година, кога Бил ја напуштил работата и се одлучил за пловење по океаните и морињата.
Двојката го продала својот дом кој се наоѓал Четем, во областа Кент и тргнале од Лавстофт во јуни 1976 година, со својот брод долг 15 метри.
Бил и Лаурел Купер во последните 36 години ги поминале на својот брод, четири пати го обиколиле светот и посетиле 45 земји. Минале повеќе од 100,000 наутички милји и ги доживеале сите врсти на времиња кои што можат да се доживеат на отворено море.
Со годините кои што ги минаа на своето патување, двојката постави светски рекорд за време минато на море.
Оваа морепловечка двојка се реши да ја заврши авантурата во реката Медвеј, во Рочестер поради нивното нарушено здравје, кое што не им дозволува понатамошна пловидба.
„Целото време што го минавме во крстарење беше неверојатно и фантастично, но се плашам дека малку не ослабна нарушеното здравје, поради што моравме да го прекинеме патувањето. Нашиот брод го крстивме геријатриски брод“, изјави во шега капетанот Бил.