Двојно поскапува паркингот во Скопје – еден час ќе чини и до 200 денари


Двојно поскапи цени за паркинг во Скопје во услови на зголемена загаденост. Онаму каде што сегашната цена изнесува 35 ќе се плаќа 70 денари, зоните каде што се наплаќа 45 денари паркирањето ќе поскапи на 90 денари, а најскап ќе биде паркингот на Водно и на улицата Максим Горки каде паркирањето наместо 100 ќе изнесува дури 200 денари за еден час.

Ваква одлука донесоа советниците во Град Скопје на предлог на градоначалнникот Петре Шилегов. Одлуката за поскап паркинг ќе се воведува кога два дена по ред штетните честички во воздухот ќе бидат над 200 микрограми на кубен метар.

Исто така вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ отсега за месечна карта за паркирање на паркингот во кругот на болниците ќе плаќаат 800 денари. Досега тие имаа повластена цена за паркирање од 300 денари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1