Двојно убиство во Тетово: Убиени две млади момчиња


Крвав инцидент утрово го потресе Тетово. Двајца браќа од тетовското село Мерово на возраст од 25 и 24 години се убиени со огнено оружје утрово околу 7 часот. Крвавиот настан се случил во месноста Јабланица во атарот на село Мерово, покрај патот за Седларево.policiska-lenta

Едниот од браќата починал на лице-место,  додека вториот на повредите им подлегнал на пат кон тетовската клиничка болница.

Други две лица кои учествувале во оружениот инцидент исто така со повреди од огнено оружје по укажаната помош во тетовската клиничка болница биле упатени на Скопските клиники.

Полицијата работи на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1