Ова е екипата што ќе се појави со Даниел на Евровизиската сцена (Видео)


Нашиот Даниел Кајмакоски на сцената ќе излезе со одлични придружни вокали!

MERJ (поранешни членови на R&B групата од 90-те BLACKSTREET, добитници на наградата „Греми“) официјално потврдија дека ќе настапат со македонскиот претставник Даниел Кајмакоски на 19-ти мај 2015. на првото полуфинале на Евровизија во Виена.1dan.jpg500

Mark Middleton, Eric Williams и Jeremy Hanna (Марк Мидлтон, Ерик Вилијамс и Џереми Хана) или само“MERJ” се музички ветерани со повеќе од 20- годишно искуство како изведувачи, издавачи,продуценти и автори.

Поранешните пејачи во една од најдобрите R&B групи од 90-те, Blackstreet, се здружија за да ги вратат машките ритам и блуз групи во зенитот на популарноста во музиката, на радио станиците и на концертната сцена.

Марк, Ерик и Џереми се автори и продуценти на песни за големи музички имиња како Витни Хјустон, Боби Браун, „Блекстрит“, интернационалната рап дива Вајб, Ашер, Мери Џеј Блајџ, Гај, Некст, Донел Џонс. Тие се добитници на бројни награди какоGrammys, MTV Video Music Awards, MTV Europe Video Music Awards, Billboard, Soul Train awards, BMI, ASCAP и други.

Во април Даниел, славната американска R&B група MERJ и бугарскиот пејач Бобо, работеа на значаен проект, хуманитарната песна под наслов “Carry the Flame”, која е дел од кампањата на Фондацијата Holiday Heroes во Бугарија. Целта на кампањата , како и на Фондацијата, е да им се помогне на социјално загрозените семејства.

Погледнете го спотот за нивниот прв заеднички проект “Carry the Flame”

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1