Родители внимавајте: Деца поради игра на Фејсбук исчезнуваат на 72 часа!


Според новиот предизвик на Фејсбук децата исчезнуваат 72 часа. Ако го прифатат предизвикот од социјалните мрежи, тинејџерите исчезнуваат на 72 часа, односно не ги информираат родителите каде одат. Токму тој предизвик може да стои зад исчезнувањето на двете британски тинејџерки, Сиобан Кларк (15) и Семи Кларк (14) од Есекс, пишуваат британските медиуми. Иако имаат исто презиме, овие девојчиња не се во роднинска врска.

fejsbuk_1355827817_420x0

Откако изглегле од училиште во петокот попладне, им се губи секој траг, до понеделникот наутро. Пронајдени се 30 километри од своите домови. Исчезнат бил и нивниот 22-годишен пријател Киран Хартли-Андерсон, кој по пронаоѓањето е уапсен и осомничен за исчезнување на девојчињата. Сите тројца се пронајдени во Вестклиф, откако полицијата ја добила дојавата од личност која ги препознала на потерницата.

Јавноста целиот случај го поврза со најновиот предизвик на Фејсбук, попознат како „Игра 72“ (Game of 72), во која тинејџерите се предизвикани да исчезнат на 72 часа за да бидат прогласени за исчезнати лица. Потенцијално многу опасната игра „Игра 72“ се шири низ Европа со посредство на интернет, а особено со посредство на Фејсбук. Во играта децата и тинејџерите се охрабруваат да исчезнат на 72 часа и на никого за тоа ништо да не спомнат. Зошто? Очигледно во прашање е некој начин на тинејџерско докажување. Во тие чувствителни години на растење, секое лудило е можно па дури и ако носи обележје „игра“.

– Секој родител чие дете е на Фејсбук, а знае за ова, јас би го советувала да разговара со него во некој опуштен момент за време на ручек или во текот на возењето во автомобил, без притоа да се создава голема помпезност. Важно е да се дознае како детето размислува за тоа – рекла психологот Мирна Шур, опишувајќи каако со тинејџерите би требало да се разговара за играта „Игра 72“. „Тоа е доба кога до израз доаѓа неопходноста од припадност на групата врсници и би рекла дека тоа е главна мотивација, посебно ако тоа стане мода или нешто го прават и другите деца од училиштето“, додала таа.

Меѓу исчезнатите на 72 часа било и 13-годишно девојче од Франција. Девојчето кои француските медиуми ја нарекле Ема, не сакало да им каже ниту на родителите ниту на полицијата каде била тие 72 часа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1