За повеќе од двојно е зголемен бројот на заболени од рак на кожа во изминативе десет години. Ако во 2003 сме оперирале 50-ина пациенти, лани имавме дури 150 интервенции, предупредија стручњаците од Kлиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Оваа установа со неколку други клиники и институти од земјата учествува во проект со Универзитетот „Мичиген“, САД, кој ќе трае три години.
– Целта е да се размислува за употребата на нови вакцини и антитела кои би ги намалиле метастазите кај пациентите со меланом. Заедно со д-р Жанета Николовска од Универзитетот „Мичиген“, кој е лидер во испитувањето на антиканцер-резистентната хемотерапија за овој карцином, ќе се обидеме да предложиме вклучување современи лекови, кои би биле ставени на позитивната листа – изјави д-р Смиља Туџарова-Ѓоргова, директорка на Kлиниката.
Dnevnik