Е ај сега? Министерството за здравство пак тврди – најдовме листерија во Екстра Маин


Во врска со изнесените наводи од определени медиуми дека во вакумираниот свински врат од Екстра-меин не е пронајдена листерија, реагира Министерството за здравство.

Согласно процедурите, земена е мостра од малопродажен објект во Гевгелија, со пополнет записник во присуство на претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, и истата е испитана во лабораторија на Центарот за јавно здравје-Велес.

mzmzmzmzmzmzПри испитувањата, утврдено е присуство на listeria monocytogenes и заради дополнителна сигурност и второ мислење, материјалот со идентификувана листерија е испратен до Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што е потврдена листеријата и примерок е испратен на Факултетот за ветеринарна медицина, за генетска типизација. Примерокот е доставен под број, а без идентификација, односно без наведување на името на производителот.

Резултатите од извршената генотипизација покажуваат дека генетскиот профил на изолираната листерија е 98% идентична со генотипот на листерија изолирана кај заболените лица. Како што информираше Комисијата за заразни болести, се работи за мостра од вакумиран сечкан свински врат, производ на Екстра-меин од Куманово (произведен 21.07.2014 година, со рок на траење до 04.09.2014 година).

Воедно, потсетуват дека досега се испитани над 650 мостри, од кои во 30 случаи се пронајдени примери на изолати на listeria monocytogenes, кои се предмет на натамошна термичка обработка. Нагласуваме дека Комисијата за заразни болести располага со сите релевантни резултати, вклучувајќи и епидемиолошки анкети, увиди од терен и епидемиолошки анализи и за истите јавноста е навремено информирана, стои во соопштението од Министерство за здравство.

Нема листерија во Екстра Меин – покажа суперанализата

mzmzmzmzmz222

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1