Е ова е газда: Неговите вработени сами одлучуваат кога и колку остануваат на одмор


Милијардерот Ричард Бренсоон е сигурно најдобриот шеф на сите времиња. Основачот на “Virgin Group” смета дека луѓето треба да имаат можност да земаат слободни денови кога сакаат без да прашуваат за тоа.

“На секој вработен му е препуштена одлуката за тоа дали ќе земе неколку слободни денови или ден, недела, месец”, изјави Бренсон цитирајќи ја реченицата од својата книга “The Virgin Way: Everything I Know About Leadership” која е објавена на неговиот блог.

 

b1409240260Бренсон вели дека таквиот вид на политика успешно го спроведува во своите компании, па сака да ги потсети и другите компании да престанат да ги бројат годишните одмори и да ги ограничуваат вработените.

Според неговата политика, вработените не само што можат да одморат кога ќе почувствуваат потреба, туку можат да отидат на годишен одмор онолку колку што сакаат и чувствуваат потреба. Истакнува дека тоа нема да и наштети на компанијата, работата, тимот, ниту кариерата.

Могулот изјави дека дошол до таа идеја кога ќерката му покажала статија во весниците за тоа како “Netflix” не ги ограничува своите вработени со временски годишни одмори.

“Имам пријател кој ја направи истата работа во својата компанија и напредуваа морално, креативно и продуктивно”, вели Бренсон.

Бренсон не е првиот милијардер кој се залага за флексибилно време меѓу приватниот и работниот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1