Македонка терала малолетни девојчиња на проституција во Грција – уапсена е


Грчката полиција, во Лерин уапси 53 годишна Албанка за која македонското МВР имаше распишано меѓународна потерница. Нашиот Интерпол ја бараше за трговија со малолетни лица и трговија со луѓе.

Таа во 2012 година со  употреба на сила и закани, злоупотребувала малолетни девојчиња и им ветувала работа во клуб,но сакала да ги наведе на проституција, а завчера беше уапсена од грчката полиција.Prostitutke-2 Пред 2 години, Албанката во еден македонски град незаконски во својот стан држела малолетни девојчиња, на кои им ветила дека ќе ги вработи во ноќниот клуб кој бил во нејзина сопственост, меѓутоа со употреба на сила и закани, ги злоупотребувала и ги терала на проституција.

Според соопштението од грчката полиција, уапсената ќе биде изведена пред јавен обвинител, но не се соопштуваат детали кога ќе им биде предадена на македонските власти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1