Ебола: Ако икате, крајот е близу


Еболата на почетокот може да биде измешана со грип, но болеста многу брзо се развива, често предизвикувајќи внатрешно и надворешно крварење и оштетување на органите..

За оваа болест не постои лек, но можно е да се победи. Смртноста од овогодишната епидемија е 60 отсто, но се очекува бројката да порасне, пишува „Бизнис инсајдер“.

ebola prezivean

Саа Сабас, поранешен медицински работник од Гвинеја го споделил своето искуство со борбата против болеста. Тој за порталот „Вајс“ рекол дека со ебола се заразил додека се грижел за друг пациент.

Во болница отишол кога добил покачена температура и тогаш му било кажано дека неговите тестови се позитивни на ебола.

„Треската траеше два дена, а третиот ден добив дијареа. Тоа траеше четири дена, се додека седмиот ден не добив дизентерија. Потоа на самиот крај почнав да икам неколку дена.

Тогаш бев многу загрижен. Се сеќавам дека грлото толку ме болеше што не можев да јадам. Сетоа тоа многу ме исцрпи, а моментот со икањето особено бе исплаши – знаев дека во таа фаза многу луѓе умираат од оваа болест“.

Еболата на почетокот може да биде измешана со грип, но болеста многу брзо се развива, често предизвикувајќи внатрешно и надворешно крварење и оштетување на органите.

ebolaСабас вели дека бил лекуван со орални лекови, инфузија и дека бил добро хранет. Со тек на време неговата состојба почнала да се подобува.

Овој вид на поддршка и нега – обновување на течностите кај пациентот, борбата со секундарните инфекции е неопходна за имуниот систем да даде соодветен одговор на болеста.

По 13 дена борба, Сабас ја преживеал болеста која многумина ја сметаат за смртна казна.

Кога излегол од болница, лекарите му дале сертификат со кој потврдува дека не е болен за луѓето да не се плашат од него.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1