УБИЕЦОТ НА ТИЈАНА: Плачеше и молеше да ја пуштам – ја силувал, отишол на кафе па ја закопал


 Тој додека бил на годишен одмор редовно на телевизија следел што се случува со потрагата на девојчето и со неговото наоѓање од страна на полицијата Според новиот исказ што дал во притвор убиецот

Драган Ѓуриќ (34), месар од Сурчин, ја задавил Тијана Јуриќ (15) со дуксерка на нејзиниот другар. Истата поради која кобната ноќ се враќала за да му ја врати на другарот.

tijanaСпоред сопственото признание, Ѓуриќ, несреќната девојка сексуално ја злоставувал, а потоа ја задавил.

Нов исказ на Ѓуриќ, и нови страшни детали за злочинот. Потполно ладен, без емоции, без никакви гримаси на лицето, без каење, Ѓуриќ вчера го опишувал своето злодело. Повторил дека Тијана ја удрил со вратата од автомобилот, дека таа почнала да повикува помош и дека поради тоа ја удирал со тупаници неколку пати. Тогаш ја ставил на задното седиште од автомобилот и седнал зад воланот. Ја однел два километри подалеку. Запрел и ја извлекол Тијана надвор.

203656– Таа се бореше, викаше и плачеше. Ми зборуваше: „Пушти ме дома“. Довикуваше: „Полиција, полиција“… Ја соборив на земја и ја соблеков. Таа се противеше и тогаш ја зедов нејзината дуксерка. И` беше околу вратот. Ја стегнав се додека престана да дише, ладнокрвно Ѓуриќ го опишувал злочинот.

Мртвата Тијана потоа ја ставил во автомобил. Тргнал во правец кон границата со Унгарија, а потоа повторно кон Бајмок, Сомбор. Накратко запрел после селото Алекса Шантиќ и телото го ставил во багаж.

Продолжил кон Сомбор. Се паркирал покрај автобуска станица и застанал во кафана. Продолжил да пие. Кога се заситил, повторно влегол во кола и продолжил кон селото Светозар Милетиќ. Тука, покрај патот, во напуштена куќа го оставил телото на девојчето. И` ги врзал рацете со жица и ја покрил со картон.

Повторно седнал во автомобилот. Се обидел да ги сокрие трагите.

– Во Сомбор испив кафе и вода, а тогаш отидов на пазар каде купив голема торба. Се вратив до напуштената куќа. Се обидов да го ставам телото во торбата, но не успеав. Затоа го одвлеков малку подалеку, до депонијата. Ископав дупка и го прекрив со земја.

Потоа, мирно седнал во „голфот“ и тргнал за Зрењанин. Работите на Тијана ги фрлал по пат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1