Еден од терористите, кои се кренаа во воздух во Брисел, на 22 март, работел како чистач во Европскиот Парламент, информира портпаролот на оваа институција.
ЕП не прецизира за кого од терористите се однесува соопштението, пренесува БТА.
Медиумите во Брисел забележуваат дека терористот работел во ЕП, по еден месец, во текот на летниот одмор во 2009 и 2010 година.
Тој бил најмен од фирма за чистење, со која ЕП имала договор.
Фирмата претходно уверуваше дека тој немал криминално досие.