Германскиот пратеник и висок функционер во партијата на Ангела Меркел денеска почина во Берлин на 35 годишна возраст.
Мицфелдер беше задолжен за надворешна политика во партијата на Меркел и беше еден од петмината највисоко позиционирани политичари и најмлад член на германскиот Бундестаг.
Информацијата ја потврдија и од владејчката германска партија ЦДУ. Неофицијалните информации велат дека починал од пулмонарна емболија.
Мицфелдер важеше за голем пријател на Македонија. Едно од неговите последни интервјуа беше за ТВ Сител.