Еден од уапсените признал – Камениот мост бил мета на терористите


Еден од уапсените терорити кои се предадоа на истрагата и признал дека негова цел требало да бидат случајни минувачи на Камениот Мост во Скопје

Камениот мост и држвни институции им биле на мета на терористите. Извори од истрагата говорат дека некои од приведените во полициска станица  признале кои биле планираните цели за напад, јавува МТВ.

Ги посочиле задачите што им ги довериле командантите за реализација. Некои од осомничените се претставувале под лажни имиња. Голем дел од приведените носеле униформи. Дел од нив се поранешни команданти и заменици на 113-тата Бригада на ОВК.Screenshot_197

Имале богато криминално досие за насилство, разбојништво, трговија со оружје дрога и тешки кражби. Повеќемината од нив полицијата ги сомничи за учество и во настаните во Гошинце. Дел се од Косово, дел од Србија, но има и македонски државјани. Неколкумина се поврзуваат и со случајот Бродец.

Минирање на Камениот мост во Скопје била една од првите нивни цели. Целта им била да предизвикаат страв, паника, но и цивилни жртви меѓу населението. При испрашувањето во полицијата, како и пред истражниот судија, тие, наводно, рекле дека биле поделени во групи, а секој точно знаел што да направи. Покрај Камениот мост, на удар требало да бидат полициските станици во Зајас, Кичево, Куманово, Тетово и Гостивар.kameni most

Соработувале со паравоени структури, имале подржувачи – логистика за нивните дејствија. Според извори од истрагата почетокот на овој месец изнајмиле куќа во кумановска Дива населба, место што го претвориле во штаб за планирање и реализација на терористичките дејства.

Сопственикот на куќата им ја издал за 5.000 евра кирија. Извори говорат дека почнале да влегуваат во државава на шестти, односно седми мај и директно се стационирале во изнајмениот објект опкружен од сите страни со високи градби.Screenshot_198

Почетокот за акција бил планиран на средината на мај. Не случајно им било одбрано местото- густо населено и со тесни улички, тежок терен за делување на полицијата.

Во акцијата е запленет голем арсенал на оружје. Групата била професионално обучена за терористички дејства, а мотивите им биле дестабилизација преку напади на стратешки објекти и невини жртви.

MTV.MK

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1