Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна насреќа што се случи во сабота во 20 часот на регионалниот пат Струга – Охрид кај „Еврохотел“, а уште четворица се повредени, јавува тв Тера .
Тројца од нив се префрлени во специјалната болница „Св.Еразмо“, а едно во градската болница во Струга.
До несреќата дошло кога патничко возило Фиат караван со кичевски регистарски таблички од засега непознати причини излетало од патот, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.