Суспендирани се двајцата анестезиолози од Гевгелија


Суспендирани се двајцата анестезиолози од Гевгелиската болница заради смртта на родилката и нероденото бебе.

Гинекологот кој бил на породувањето е вработен во болницата во Струмица и доаѓал во Гевгелија по потреба.bolnicA gevgelija

За сега нема показатели дека тој е одговорен за смртта на родилката. Од болницата во Струмица велат дека ќе чекаат да видат што ќе покаже истрагата на Министерството за здравство и на Лекарската комора, и врз основа на тоа ќе одлучуваат.

Во меѓувреме Лекарската комора бара да не се ставаат во ист кош сите лекари, затоа што најмногу од нив, како што пишува комората, професионално и совесно си ја вршат работата. Комората најавува дека ќе испита дали имало лична одговорност за смртта на родилката и нејзиното дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1