Една лекарска грешка чини живот


Докторите се луѓе, поради што и во нивната работа е дозволена човечка грешка. Но, во Македонија, за разлика од другите држави, проблемот се јавува кога таа грешка се прикрива и никој не превзема одговорност за изгубениот човечки живот.

Најмногу лекарски грешки се прават при породување или следење на бременоста.
За разлика од кај нас, доколку се потврди дека поради нивно невнимание или грешка пациентот починал, докторите во Англија, целосно ја превземаат одговорноста.


Таков е случајот со 39 годишната Саша Парсонс, чие што бебе поради лекарско невнимание, почина во нејзината утроба неколку дена пред породувањето.


И покрај фактот што бебето не било доволно развиено, а тоа јасно се гледало на сликите од ултра звукот, медицинскиот персонал, во текот на бременоста, ја убедувал несудената мајка дека тоа не е ништо страшно, и дека не треба да се загрижува. Бебето било толку слабо и починало во утробата на мајката 2 дена пред породувањето.

Одговорните лица во болницата веднаш ја признале својата вина, и се согласиле да и платат надомест на Саша, која вели дека никогаш нема да им прости бидејќи тие си играле Бог со животот на нејзиното дете.

-Тие ми ја одземаа можеби единствена шанса да станам мајка, изјавила Саша Парсонс.
Брачниот пар од Chilcompton, 3 години се обидувале да имаат дете, поради што многу биле внимателни и редовно оделе на закажаните прегледи.

Кратко време по трегедијата, директорот на акушерското оделение од болницата, го посетил брачниот пар и им соопштил дека неговиот мадицински  персонал е одговорен за смртта на нивното бебе.

-Да чуеш а и да прочиташ дека доколку биле превземени соодветни мерки од страна на лекарите,  моето девојче ќе беше живо и здраво, е најболното нешто на светот, изјавила несудената мајка.

Вакви случаи има и во Македонија, но се тешко се докажуваат бидејќи најчесто лекарите и одговорните лица вешто ги прикриваат нивните грешки.
Уште по трагично е тоа дека голем процент од децата со пречки во развојот, се раѓаат такви поради лекарски грешки при породувањето.
Во нашата држава, може да се случи и срцев болесник, кој е пациент во некоја од приватните болници, да биде пренесен во државната клиника, наместо во било која друга, поради тоа што Брза помош нема потпишано договор со одредени здравствени институции.
Ова беше случај и со 24 годишно момче кое почина на клиниката од срцев удар, а немаше можност  ниту да се бори за својот живот бидејќи не беше пренесен во Филип Втори, каде што лекарите барем имаа увид на неговата состојба.

Tags: , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1